• среда, 25 декември 2024

Анкетен прашалник за изработка на Студија за стратешки развој на еко-туризмот во Општина Дебрца

Анкетен прашалник за изработка на Студија за стратешки развој на еко-туризмот во Општина Дебрца

Охрид, 8 февруари 2024 (МИА) – Општина Дебрца ги покрена активностите за изработка на Студија за стратешки развој на еко-туризмот во општината, односно насоките како во иднина би се развивала општината во областа на туризмот.

За таа цел е изработен Анкетен прашалник, и тоа одвоен прашалник за туристи и посетители, како и за локалните жители на Општината.

Како што соопштуваат од Општина Дебрца, прашалникот е анонимен, а сите обезбедени информации ќе бидат доверливи и ќе се користат само за општа статистичка анализа.

„Секој ваш одговор ќе биде многу важен и корисен за истражување“, се посочува во повикот од Општина Дебрца.

Прашалниците заинтересраните можат да ги најдат на следните линкови: За туристи и посетители: https://docs.google.com/forms/d/1IyoqkIHFhiyteMSrYC1HQZAwZAyo-qno-at40B19kaU/edit?ts=65bcf7da и https://docs.google.com/forms/d/1Izc-ZHJ0Q3HOkdWwkcvljZzfN2OhUlsPFVuKFwwgpwM/edit?ts=65bcf2ea за локалното население.

Самото истражување ќе послужи како основа за изработка на Студија за стратешки развој на екотуризмот во Општина Дебрца. аб/дма/

Фото: МИА

 

Остани поврзан