• сабота, 23 ноември 2024

Анкета: Бајден најпопуларен меѓу афроамериканското население во САД

Анкета: Бајден најпопуларен меѓу афроамериканското население во САД
Вашингтон, 11 јануари 2020 (МИА) - Поранешниот потпретседател Џо Бајден е најпосакуваниот демократски кандидат за претседател меѓу афроамериканското население на национално ниво во САД, се дознава од најновата анкета на „Вашингтон Пост“ - Ипсос. Популарноста на Бајден е благодарение на неговите успеси во државничката функција при поранешниот претседател Барак Обама, и убеденоста на овие гласачи дека тој може да го победи актуелниот претседател Доналд Трамп. Сенаторот Берни Сандерс е на второ место по популарност меѓу афроамериканците во САД и тој води кај црнечкото население под 35 години возраст. Сенаторката од Масачусетс, Елизабет Ворен, е на трето место. Пит Бутиџич, градоначалник на Саут Бенд, Индијана, води помеѓу белото население во Њу Хемпшир и Ајова, но неговата популарност меѓу црнечкото население на национално ниво е само два отсто, се дознава од најновата анкета на „Вашингтон Пост“ - Ипсос. „Вашингтон Пост“ е водечки национален дневен весник во САД. Ипсос е француска консултантска фирма. кб/сд/

Остани поврзан