• четврток, 26 декември 2024

Анкета: Шпанската конзервативна Народна партија го зголеми водството пред социјалистите за предвремените парламентарни избори

Анкета: Шпанската конзервативна Народна партија го зголеми  водството пред социјалистите за предвремените парламентарни избори

Мадрид, 19 јуни 2023 (МИА) - Шпанската конзервативна Народна партија (ПП) треба да освои најмногу места во Долниот дом на Парламентот на предвремените општи избори во јули, далеку пред владејачката Социјалистичка работничка партија (ПСОЕ), според денеска објавената анкета од Ел Паис.

Анкетата, спроведена меѓу 12 и 14 јуни, покажа дека ПП ја зголемува својата предност пред Социјалистичката работничка партија (ПСОЕ) на премиерот Педро Санчез.

Анкетата проценува дека ПП ќе освои меѓу 128 и 142 места во 350-члениот Долен дом на Парламентот, во однос на 131 во претходната анкета спроведена помеѓу 31 мај и 1 јуни. ПСОЕ би добил меѓу 99 и 109 места, во споредба со 107 во претходната ваква анкета

Сојузот меѓу ПП и екстремно десничарската партија Вокс, која се очекува да освои меѓу 37 и 41 место, ќе го надмине апсолутното мнозинство од 176 места во Долниот дом потребно за владеење.

Санчез на 29 мај свика предвремени избори откако неговата партија и нејзиниот помал коалициски партнер Подемос беа поразени на регионалните и општинските избори.

Санчез рече дека ќе ја води својата партија и ќе се обиде да остане премиер. мс/сд/

фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан