• сабота, 27 јули 2024

Анкета: Трамп води пред Харис со 48 наспроти 46 проценти

Анкета: Трамп води пред Харис со 48 наспроти 46 проценти

Вашингтон, 26 јули 2024 (МИА) – Резултатите од најновата анкета на Њујорк тајмс и Колеџот Сијена покажуваат предност од два отсто за поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп.

Според анкета за Трамп се изјасниле 48 отсто од испитаниците, додека демократската потпретседателка на САД, Камала Харис има поддршка од 46 проценти.

Анкетата е изработена на примерок од 1.142 регистрирани гласачи на национално ниво, со маргина на грешка од 3,3 процентни поени.

Претседателските избори во САД се одржуваат на 5 ноември. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан