• сабота, 23 ноември 2024

Анкета: Трамп води пред Бајден во шест од седум „колебливи“ држави

Анкета: Трамп води пред Бајден во шест од седум „колебливи“ држави

Вашингтон, 3 април 2024 (МИА)  - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп има предност во анкетите во однос на претседателот Џо Бајден во шест од седум „колебливи“ држави на претстојните претседателски избори.

Републиканецот Трамп има предност од два до осум процентни поени пред демократскиот кандидат Бајден во Пенсилванија, Мичиген, Аризона, Џорџија, Невада и Северна Каролина, држави чии гласачи традиционално не се јасно определени за некој од кандидатите на партиите.

Во оваа анкета на „Волстрит журнал“ беа понудени и кандидати кои не припаѓаат на Демократската и Републиканската партија, но се забележува дека резултатите се слични како и кога на испитаниците им биле понудени само Трамп и Бајден, пренесуваат британските медиуми.

Бајден има предност од три процентни поени само во Висконсин.

Анкетата беше спроведена на 17-24. март и имаше вкупно 4.200 испитаници, односно по 600 во седумте држави, а маргината на грешка е минус - плус 1,5 процентни поени за целиот примерок и четири процентни поени за резултатите во подделните држави. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан