• четврток, 26 декември 2024

Анкета: Секој трет Германец смета дека Меркел треба да се извини за енергетската криза

Анкета: Секој трет Германец смета дека Меркел треба да се извини за енергетската криза
Берлин, 21 јули 2022 (МИА) - Секој трет Германец смета дека поранешната канцеларка Ангела Меркел треба да се извини за енергетската криза, покажа истражувањето на јавното мислење. За многу Германци, Меркел ја дели одговорноста за енергетската криза во Германија и Европа. Истражувањето на институтот „ИНСА“ покажува дека 32 отсто сметаат дека Меркел треба да се извини за погрешната енергетска политика поради зависноста од рускиот гас. Најголемо незадоволство има кај приврзаниците на десничарската „Алтернатива за Германија“ (АфД) со 52 отсто и Зелените (34 отсто). Од друга страна, 38 отсто од Германците велат дека Меркел не мора да се извинува. паг/

Остани поврзан