• петок, 20 декември 2024

Анкета: Само мал дел од Американците сметаат дека САД треба да играат поактивна улога во конфликтите во Украина и Газа

Анкета: Само мал дел од Американците сметаат дека САД треба да играат поактивна улога во конфликтите во Украина и Газа

Вашингтон, 8 март 2023 (МИА) - Mнозинство од демократите и републиканците сметаат дека САД не треба да ја интензивираат својата вмешаност во тековните конфликти меѓу Русија и Украина, и меѓу Израел и Хамас.

Ова го покажува новата анкета спроведена од Центарот за истражувања на јавни политики на агенцијата Асошиејтед прес -НОРК.

Од анкетата се дознава дека четири од десет возрасни Американци сакаат Америка главно да игра „понеактивна“ улога во регулирање на глобалните конфликти.

Од друга страна, само околу четвртина од анкетираните сметаат дека САД треба да играат поактивна улога. Отприлика третина сметаат дека САД денес ја играат таа улога која треба да ја играат.

Главно, меѓу возрасните Американци не се набљудува нагласен апетит за тоа САД да имаа поактивна улога во двата конфликта.

Притоа многу повеќе републиканци и независни отколку демократи сметаат дека САД треба да ја намалат својата подршка за Украина, се дознава од анкетата.

Околу половина од републиканците и независните сакаат САД да играат помалку активна улога во војната на Украина и Русија, додека меѓу демократите такво мислење подржуваат само 18 отсто. кб/рп/

Остани поврзан