• четврток, 26 декември 2024

Анкета: Приближно 90 отсто од Французите веруваат дека секуларизмот е во опасност

Анкета: Приближно 90 отсто од Французите веруваат дека секуларизмот е во опасност

Париз, 22 октомври 2020 (МИА) - Според анкетата на „Ифоп“ за „ЦЊуз“ и „Суд Радио“, скоро 90 отсто од Французите оценија дека е „оправдано“ да се прикажуваат карикатури на религии на училишен час, јави дописникот на МИА.

Атентатот врз Самуел Пати на 16 октомври во близина на неговото училиште во Конфлан-Сант-Онорин (Ивелин), откако им покажа карикатури со пророкот Мухамед на неговите ученици, ја обнови загриженоста за слободата на изразување и за местото на религиите, особено во училиштата.

Резултатите од анкетата покажуваат дека 78 отсто од Французите ги поддржуваат наставници кои покажуваат карикатури и се потсмеваат на религиите за време на наставата.

На прашањето за секуларизмот, 87 проценти од анкетираните веруваат дека тој е „во опасност“ во Франција и 79 отсто се согласуваат со идејата дека „исламизмот и објави војна на Франција и на Републиката“.

Марин Ле Пен (44 проценти) е политичка фигура во која испитаниците имаат најголема „доверба“ да се бори против исламизмот, пред министерот за внатрешни работи Жералд Дарманан (37 отсто), кој има ист рејтинг со Никола Саркози, Емануел Макрон и Жан Кастекс.

Личностите на левицата или еколозите се во следниот редослед Франсоа Оланд (23 отсто), Ан Идалго (22) , Жан-Лук Меленшон (18) и Јаник Жадот (16 проценти).

Повеќе од три четвртини од Французите (76 отсто) имаат доверба во полицијата во борбата против тероризмот, најниско ниво досега измерено од „Ифоп“, чиј барометар постои од нападите во јануари 2015 година.

Терористичката закана е „висока“ за 89 отсто од испитаниците, скок од 12 поени во споредба со почетокот на септември, пред нападите пред поранешните простории на „Шарли Ебдо“ и во училиштето Конфлан-Сант-Онорин“. тг/ми/

Остани поврзан