• понеделник, 30 декември 2024

Анкета: Полјаците не стравуваат од прелевање на војната од Украина во нивната земја

Анкета: Полјаците не стравуваат од прелевање на војната од Украина во нивната земја

Варшава, 17 април 2024 (МИА) - Резултатите од најновата анкета на агенцијата ИБРИС изработена за полскиот весник „Жечпосполит“ покажуваат дека мнозинството Полјаци не се плашат дека војната во Украина може да се прелее во нивната земја.

Само 27,3 отсто од испитаниците изјавиле дека стравуваат дека конфликтот од Украина може да се прелее во Полска, 53,6 проценти не се плашат, додека 19,1 отсто одговориле дека не знаат.

Најголем страв од проширување на судирите е помеѓу возрасните лица од 70 години – 39 отсто додека кај лицата со основно образование процентот измесува 45, а меѓу активните верници 44 проценти.

Кога Русија ја нападна Украина, во слично истражување од март 2022 година, 45 отсто од Полјаците беа убедени дека војната нема да се прошири во Полска.

Полските власти не реагираа на изјавата на шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба на почетокот на неделата дека американскиот противракетен систем Патриот во Полска може да го брани и воздушниот простор над западна Украина, што би можело Русија да го искористи како изговор за ескалација на конфликтот. ми/

фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан