Анкета на Клиниката за психијатрија: Над 40 отсто од испитаниците се соочуваат со проблеми во спиењето
- Речиси 70 отсто од испитаните македонски граѓани користат телефон или екран пред да заспијат, а повеќе од 40 отсто се соочиле со проблеми во спиењето во последниве три месеци. Повеќе од 63 отсто од испитаниците се изјасниле дека спијат од 5-7 часа во текот на ноќта, 11,6 отсто спијат помалку од 5 часа, додека 22,8 отсто спијат од 7 до 9 часа. Ова се дел од резултатите од анонимната онлајн анкета спроведена од ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија во периодот од 2 до 6 март 2026 година, на која одговориле 491 испитаници. Анкетата е спроведена по повод месец март, кој Европското здружение за истражување на спиењето го има прогласено за месец за подигнување на свеста за спиењето, под мотото „Спиј добро, живеј подобро“.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.