• среда, 25 декември 2024

Анкета: Национален собир нема да освои апсолутно мнозинство

Анкета: Национален собир нема да освои апсолутно мнозинство

Париз, 5 јули 2024 (МИА) – Француската екстремно десничарска партија Национален собир (РН) најверојатно нема да освои апсолутно мнозинство во вториот круг од парламентарните избори в недела, покажуваат резултатите од анкетата на „OpinionWay“ за економскиот дневен весник „Еко“

Според анкетата, Национачлен собир ќе освои меѓу 205 и 230 места во француското Собрание, левичарскиот Нов народен фронт 145-175, а центристичката Алијанса на францускиот претседател Емануел Макрон 130-160 места.

Парламентарните избори во Франција се одржуваат во два круга, во 577 изборни единици каде се избираат исто толку пратеници, па за апсолутно мнозинство во Националното собрание на победничката партија и се потребни најмалку 289 пратенички места.

Вториот круг од вонредните парламентарни избори, кои Макрон ги распиша по поразот на неговиот сојуз од РН на изборите за Европскиот парламент, ќе се одржи во недела на 7 јули.

Во првиот круг од парламентарните избори одржани на 30 јуни, Националниот собир освои 33 отсто од гласовите, потоа левиот блок Нов народен фронт со 28 отсто и центристите на претседателот Емануел Макрон со 20 отсто од гласовите.сд/

фото:МИА архива 

Остани поврзан