• среда, 25 декември 2024

Анкета: Мнозинство од Американците немаат доверба во потпретседателката Харис 

Анкета: Мнозинство од Американците немаат доверба во потпретседателката Харис 

Вашингтон, 6 април 2022 (МИА) - Според анкета на Расмунсен, 40 отсто од Американците имаат доверба во потпретседателката Камала Харис, споредено со 56 отсто кои немаат доверба во неа. 

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, ова е дел од поголем тренд според кој од анкетите се дознава дека Харис, првата жена потпретседател на САД, има проблеми со придобивање на гласачите на своја страна. 

Според друга анкета, пак, таа не е далеку од тоа да стане и првата жена претседател на САД ако претседателот Џо Бајден одлучи да не се кандидира по вторпат на следните претседателски избори во 2024 година.

Резултатите од анкетата на Институтот за политика на Њу Хемпшир, пак, покажуваат дека 42 отсто од регистрираните гласачи во државата би ја поддржале Харис за претседателски кандидат од демократите ако Бајден не се кандидира, додека 36 отсто изјавиле дека ќе поддржат „нов кандидат“. 

Анкетата на Расмунсен контактирала 1.000 потенцијални гласачи, а била одржана од 27 до 28 март. кб/паг/  

Остани поврзан