• четврток, 26 декември 2024

Анкета: Лабуристите пред рекордна победа на изборите во Велика Британија

Анкета: Лабуристите пред рекордна победа на изборите во Велика Британија

Лондон, 3 јули 2024 (МИА)  - Британската Лабуристичка партија ќе забележи рекордна победа на изборите во Велика Британија, објави агенцијата за испитување на јавното мислење „Сурвејшн“(Survation).

Според анкетата, лабуристите на Кир Стармер ќе освојат 484 од 650 места во британскиот Парламент, многу повеќе од 418-те што ги освои поранешниот лидер на партијата Тони Блер во неговата победа во 1997 година, пренесуваат британските меидуми.

Агенцијата предвидува дека конзервативците, кои беа на власт во изминатите 14 години, ќе освојат само 64 места, што би бил најнизок изборен резултат од основањето на партијата во 1834 година, додека десничарската Реформска партија на ОК ќе освои само седум места.

Националните избори во Велика Британија ќе се одржат на 4 јули.сд/

Остани поврзан