• вторник, 24 декември 2024

Анкара: Русија и Украина утре ќе потпишат договор за извоз на жито

Анкара: Русија и Украина утре ќе потпишат договор за извоз на жито
Анкара, 21 јули 2022 (МИА) - Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и претставници на Русија и на Украина утре во Истанбул ќе потпишат договор за извоз на жито. Договорот е според планот на Обединети нации за да се деблокира извозот на украинско жито преку Црно Море и да и се дозволи на Русија да извезува жито и вештачко ѓубриво. Тоа би можело да ја намали глобалната криза во храна поради што се зголемија цените на житото и други житни култури. - Планот предвидува заедничка контрола на бродовите кога заминуваат и пристигнуваат во пристаништата на Црното Море и механизам што ќе ја гарантира безбедноста на рутите, соопштија турските власти. Во Истанбул ќе биде формиран координативен центар за извозот во кој ќе членуваат претставници од ОН, Турција, Русија и Украина. ми/

Остани поврзан