• среда, 18 декември 2024

Анкара до Шведска и Финска: Нема напредок кон НАТО без конкретни мерки

Анкара до Шведска и Финска: Нема напредок кон НАТО без конкретни мерки
Анкара, 25 мај 2022 (МИА) -  Турција нема да се согласи со приемот на Шведска и Финска во НАТО доколку не преземат „конкретни мерки“ за безбедносните прашања што ја засегаат, предупреди денеска висок претставник на турското претседателство. Ибрахим Калин, портпарол на турското претседателство и близок соработник на претседателот Реџеп Таип Ердоган, прими делегации на дипломати од двете земји. - Јасно им кажавме на нашите соговорници дека процесот (на нивното пристапување во НАТО) не може да напредува додека не се исполнат безбедносните грижи на Турција, со конкретни мерки и конкретни датуми, рече тој по петчасовни разговори. Тој додаде дека соговорниците го забележале тоа и дека ќе го пренесат на нивните влади. - Ќе продолжиме со разговорите кога ќе го добиеме нивниот одговор на нашите барања, изјави Калин. зш/

Остани поврзан