• среда, 25 декември 2024

Анима мунди: Јавна пофалба на Општина Гази Баба, единствена во Скопје го препознава проблемот со бездомните животни

Анима мунди: Јавна пофалба на Општина Гази Баба, единствена во Скопје го препознава проблемот со бездомните животни

Скопје, 26 март 2024 

Поразително е да се знае дека на територија на Град Скопје, единствена општина која во целост го препознава проблемот со бездомните животни и уредно ги подмирува трошоците согласно договор кон ЈП Лајка, претпријатието кое врши заловување и стерилизација на бездомната популација кучиња, е општина Гази Баба.

За што и колку некоја општина се грижи е проверлив податок кој секогаш се рефлектира во општинскиот буџет. Затоа ова е наша јавна пофалба на Општина Гази Баба и градоначалникот Бобан Стефковски, кои во рамки на своите овластувања покажуваат хуманост, одговорност, грижа за граѓаните и животните.

За да нема бездомни кучиња на улиците, потребни се добри и прецизно регулирани закони, кои ги немаме зошто АХВ, Влада се во зимски сон –сме им доставиле готови измени на закон кои заглавиле веројатно во нечија фиока; општини на кои благосостојбата на граѓаните и животните, здравствената заштита и безбедноста им се побитни од коекакви споредни луксузи и каприци, кои сериозно и посветено ќе работат на локализирање на проблемот и спречување на нови и нови единки на улица.

Бездомни животни ќе нема, тогаш кога ќе се воспостави строга контрола на приливот нови единки на улица, забрани слободното размножување на животни, продажбата на црно; кога напуштањето животни и суровоста ќе бидат најстрого казнети, кога секоја институција ќе го превземе својот дел, и спроведува својата одговорност за која е надлежна. Кога на раководни позиции ќе стојат поединци кои се вложуваат и грижат.

Anima Mundi - Здружение за заштита на животни

фото: Anima Mundi 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан