• четврток, 26 декември 2024

Андриушченко: Во Мариупол загинаа најмалку 22.000 луѓе

Андриушченко: Во Мариупол загинаа најмалку 22.000 луѓе
Киев, 25 мај 2022 (МИА) – Советникот на градоначалникот на Мариупол, Петро Андриушченко изјави дека од почетокот на војната во градот  загинале најмалку 22.000 луѓе. Тој додаде дека во Мариупол, кој сега е под контрола на руските сили, најверојатно бројот на жртвите е многу поголем. Андриушченко истакна дека Мариупол „е вратен во Среден век“. ми/  

Остани поврзан