Андрети ќе стане директор на Ф1 тимот на Кадилак
- Марио Андрети ќе добие позиција во новиот тим на Формула 1.
Лондон, 26 ноември 2024 (МИА) - Марио Андрети ќе добие позиција во новиот тим на Формула 1.
Шампионот во Формула 1 од 1978 година ќе биде назначен за директор на тимот на Кадилак, кој ќе започне да се натпреварува во серијата од сезоната 2026 година.
Веројатно, станува збор за почесен претседател и советник - приближно истата улога во Мерцедес ја имаше и Ники Лауда.
- Мојата прва љубов беше Формула 1 - и сега, 70 години подоцна, Формула 1 останува среќно место за мене. Јас сум апсолутно воодушевен. И фактот дека на оваа возраст сè уште ќе се занимавам со Ф1 работа - претпоставувам дека треба да се штипнам за да се уверам дека ова не е сон, рече Андрети.
Во февруари Андрети ќе наполни 85 години. зс/
Фото: ЕПА