• петок, 27 декември 2024

Андреску нема да игра на турнирот во Дубаи

Андреску нема да игра на турнирот во Дубаи
Лондон, 22 февруари 2021 (МИА) - Победничката на УС Опен 2019, Бјанка Андреску ќе го пропушти турнирот во Дубаи, ОАЕ, објави денес „СпортсНет“. Дваесетгодишната Канаѓанка е принуден да го пропушти турнирот поради повреда на ногата. Оваа информација ја потврди нејзиниот агент Џонатан де Вејли. Според претставникот на тенисерката, нема ништо сериозно, само Андреску сака подобро да се подготви за премиерниот турнир во Мајами и да се погрижи за себе. ВТА турнирот во Дубаи ќе се одржи од 8 до 14 март. зс/

Остани поврзан