• недела, 24 ноември 2024

Андреску е третaта тенисерка од Топ 10 која загуби во првото коло на Вимблдон

Андреску е третaта тенисерка од Топ 10 која загуби во првото коло на Вимблдон
Лондон, 30 јуни 2021 (МИА) - Французинката Ализ Корнет денес во првото коло на Вимблдон го победи седмиот женски рекет на светот Бјанка Андреску - 6:2, 6:1. Корнет, која ја совлада Андреску пред две недели во Берлин, победи Топ 10 тенисерка по 22-ри пат во својата кариера, има 51 пораз. Андреску стана трета топ 10 тенисерка по Петра Квитова и Серена Вилијамс, елиминирана уште во првото коло на Грен слемот во Лондон. зс/

Остани поврзан