• сабота, 23 ноември 2024

Андреевски: Одиме на уште победа и да ги израдуваме сите со злато

Андреевски: Одиме на уште победа и да ги израдуваме сите со злато

Скопје, 4 август 2024 (МИА) - Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва од 21.30 часот во СЦ „Борис Трајковски“ против Австрија ќе испише уште една страна од македонската кошаркарска историја.

По пет победи во првата фаза, дојдоа и победите против Португалија и Бугарија за пласман во финалето на Евро-шампионатот во дивизија „Б“.

Вечерва на ред е битката за победничкиот пехар, а иако селекторот Горан Андреевски вели дека главната цел е остварена, сепак сака македонската кошаркарска јавност да ја израдува со златните медали.

„Денес влегуваме малку порастоварени, бидејќи главната цел ја остваривме, а тоа е влез во „А“ дивизијата. Но се разбира и кон овој меч ќе влеземе максимално посветено и ќе се обидеме сите да ги израдуваме со злато. Емоциите ги тргнуваме на страна, играме храбро како и секогаш. Одиме на уште една победа, изјави селекторот пред мечот. дс

Фото: КФСМ

Остани поврзан