• петок, 27 декември 2024

Андонов: Хидроцентралата Чебрен ќе игра клучна улога во енергетската транзиција

Андонов: Хидроцентралата Чебрен ќе игра клучна улога во енергетската транзиција

Скопје, 15 ноември 2023 (МИА) - Хидроцентралата Чебрен ќе игра клучна улога во енергетската транзиција, помагајќи во намалување на производството од јаглен и поддржувајќи обновливи извори на енергија. Планираната висина на браната од 192 метри ќе биде една од највисоките во светот, во тој објект ќе работат голем број на инженери во фазата на проектирање, на дизајнирање на проектот, а ќе има и други значајни влијанија како заштита од поплави, водоснабдување, земјоделие и повеќе.

Ова го изјави директорот на развој и инвестиции во АД ЕСМ, Виктор Андонов денеска во гостувањето во „Слободен Печат“, говорејќи околу електро енергетскиот систем во нашата држава со акцент на ХЕЦ Чебрен, односно колку е значаен овој проект и кои се предизвиците со кои сме се соочувале и кои не очекуваат во иднина.

- Првичниот бенефит е заштита од поплави, регулација на речното корито на Црна река, потоа сега заради климатиските промени уште поизразена ќе биде потребата од вода. Генерални бенефити, тоа се приоритетните. Главните придобивки за Чебрен кога бил проектиран како голема ХЕ биле токму тие. Секако водата се користи за производство на електрична енергија и како таков еве повеќе од 50 години зборуваме за сериозни анализи, една од најголемите која е правена во текот на 75-та година е интегрален развој на р.Вардар, работена од САД-конзорциуми, додава Андонов.

Тој потсети дека основен проект за изградба на ХЕЦ Чебрен е направен во 1963 година, а идеен проект во 1965 година и интенцијата на сите влади досега, нагласи, била да се додели на странски партнер поради лесната достапност до финансии, комплексноста на проектот и стекнувањето на нови знаења.

- За изградба на Чебрен и Галиште се спроведени 13 неуспешни тендери, а од 1992 година се бара приватен странски инвеститор за нивна изградба. И на првиот објавен тендер во 2006 година се бара странски инвеститор за реализација. ЕСМ досега ниту еднаш не изработила студија за Чебрен туку се јавува како нарачател на студиите што ги изработуваат реномирани светски компании, рекол Андонов, соопштија од АД Електрани на Северна Македонија. 

Најголемиот проект во енергетиката и производството на електрична енергија во Северна Македонија - хидроцентралата Чебрен, нагласува тој и додава дека иннвестицијата е во вредност од околу една милијарди евра, со инсталиран капацитет од најмалку 333 MW.

Според него, обврска на инвеститорот е целосно да ја финансира и реализира изградбата на ПАХЕ Чебрен и Орлов камен, додека АД ЕСМ како партнер со задолжение од Владата ќе учествува со изградба на пристапен пат, изградба на приклучок на мрежа, експропријација на земјиште и студија за животна средина, како и вложувањето на ХЕЦ Тиквеш во заедничката компанија, како концепт кој отсекогаш бил предвиден во сите анализи, за да биде дел од проектот и за да ја подобри исплатливоста но и поради вкупно оптимизирање на работењето на каскадата на Црна река.

- Овој проект произлегува од долгодишни анализи и студии кои пред се произлегуваат од развојот на сите наши реки во Македонија. Конкретно станува збор за интегралниот развој на реката Вардар бидејќи реката Црна е најголема притока на р.Вардар и таму накде од 50-ти се правеле сериозни анализи за идниот развој на МК како дел од Југославија, за развој на земјоделство, за развој на целокупната економија и поради таквите причини се прави развој на ваквите објекти, велиу меѓу другото директорот на развој и инвестиции во АД ЕСМ, Виктор Андонов. цр/са/

Фото: АД ЕСМ, Виктор Андонов

 

 

 

 

Остани поврзан