• сабота, 23 ноември 2024

Андоновски: Околу 6000 поднесени барања за дигитални услуги месецов, борбата против корупцијата останува во фокус

Андоновски: Околу 6000 поднесени барања за дигитални услуги месецов, борбата против корупцијата останува во фокус

Скопје, 22 ноември 2024 

Министерот Андоновски во денешното гостување во утринската програма на јавниот сервис, нагласи дека новата апликација за дозвола за оружје која што на граѓаните им е достапна на националниот портал за услуги е резултат на борбата против корупцијата која е во фокус и добрата соработка со Министерството за внатрешни работи.

 

“Преку новата апликација за оружје, целосно е променет процесот во МВР, сега наместо прво да плаќате за обука за поседување на оружје, па потоа да полагате, па да извадите лекарско и да аплицирате, сега постапката е обратна, прво аплицирате преку порталот, потоа МВР прави проверка дали сте подобни да поседувате оружје, а потоа ја поминувате постапката на лекарско уверение, тренинг и полагање. На овој начин, граѓаните ќе имаат помалку трошоци и нема да бидат во неизвесност со месеци, дали ќе добијат или нема да добијат соодветна дозвола.” истакна Андоновски

 

Министерот заклучи дека оваа услуга е многу корисна за оние членови на ловечки друштва, бидејќи им се забрзува времето да ја добијат дозволата.

 

Андоновски кажа и дека услугите се користат од страна на граѓаните, но сепак тука не застанува и тој очекува следната година бројката на услуги да се зголеми за 100.

"Бројката на поднесени барања е зголемена на околу 6000 барања за месецов. Граѓаните го препознаваат порталот uslugi.gov.mk, и започнуваат да користат услуги од истиот. Инаку кога дојдовме во министертсвото имавме 125 услуги достапни на порталот, за сега да биде бројката околу 200 на порталот. Нашиот таргет за следната година е да имаме уште 100 услуги на порталот".

 

Министерот додаде и дека во постапка е законот за сајбер безбедност со што ќе се заштити државата од сајбер напади.

"Ние бевме единствена држава од регионот која што немаше закон за сајбер безбедност", напомена Андоновски и додаде. "Законот е во изработка, додека националната стратегија веќе е во владина процедура и очекувам до крајот на годината да биде донесена, а законот почетокот на 2025 година. Тој закон целосно ќе биде во согласнот со регулативата на ЕУ за сајбер безбедност и ќе ни даде точни одредници каде треба да се движиме во наредниот период". заврши министерот Андоновски

 

Во прилог ви го проследуваме и видео линкот од изјавата на министерот: Македонската Радио Телевизија

 

Со почит,

Кабинет на министерот Стефан Андоновски,

Министерство за дигитална трансформација

________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Министерство за дигитална трансформација

Остани поврзан