• четврток, 19 декември 2024

Андоновски на средба со раководството на УСАИД во Вашингтон

Андоновски на средба со раководството на УСАИД во Вашингтон

Скопје, 4 декември 2024 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски овие денови е во работна посета на Соединетите Американски Држави. За време на својот престој тој оствари средба со високи претставници на УСАИД во Вашингтон, информираат од Министерството.

На средбата се дискутирало за регионалните и националните проекти на УСАИД во кои сме вклучени како држава и како Министерство, во фокусот на разговорите беа сајбер безбедноста, борбата против корупцијата и дигитализацијата на јавните услуги за граѓаните.

Посетата на Вашингтон продолжува со билатерални средби и мултилатерални настани. сст/ац/

Фото: Министерство за дигитална трансформација

 

 

Остани поврзан