• среда, 25 декември 2024

Андоновски: Наследуваме хаос на системот, главен фокус во првите 100 дена е воведување ред

Андоновски: Наследуваме хаос на системот, главен фокус во првите 100 дена е воведување ред

Скопје, 27 јуни 2024

На денешното гостување во емисијата ‘’За или против”  на Алфа ТВ, Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека системот е целосно разрушен од минатата власт, како пример наведе дека во управата за водење на матични книги услугите не се целосно дигитализирани, а граѓаните чекаат во редови и вработените им бараат пари за да ги “пикнат” преку ред или се бараат врски за да се заврши една обична работа.

“Имам сознанија од мои блиски пријатели, кои што биле да бараат документ за нив, кои ми имаат потврдено дека од страна на вработените им биле барани од 100 евра па нагоре, за документ кој што би требало да го добијат за 15 дена, им велат дека ќе биде потребно минимум 3 месеци и на тој начин за да ги добиете “побрзо” тие документи, службениците бараат мито за да ви завршат работа. Корупцијата е на микро ниво и за тоа во првите 100 дена ќе имаме за цел да воспоставиме ред и поредок” изјави Министерот за дигитална трансформација.

Андоновски напомена дека во периодот додека бил дел од техничката Влада, услугите кои се дигитализирани биле во функција, но после неговото заминување повторно е вратен хаосот во администрацијата.

“Системот е целосно разрушен, впрочем и да не постои систем. Ова е воочлив проблем и од страна на граѓаните, со кој што ние се соочуваме, корупцијата е распространета од најниско до највисоко ниво, бидејќи при нефункционалност на системот, вие ќе имате луѓе кои што ќе го злоупотребат тоа за да спечалат црни пари и ако одите по редовна постапка може да чекате и цел ден и да не ја завршите вашата работа, но ако најдете врска или платите одредена сума на службениците ќе ви завршат работа.” Потенцираше Андоновски.

Стефан Андоновски, министер за Дигитална трансформација

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

Остани поврзан