• среда, 25 декември 2024

Андоновски: Изминативе седум години сме подалеку од ЕУ, отколку што сме биле претходно

Андоновски: Изминативе седум години сме подалеку од ЕУ, отколку што сме биле претходно

Скопје, 2 април 2024

Во синоќешното гостување на „Топ тема“ на Телма ТВ, Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски истакна дека со владеењето на СДСМ и ДУИ изминативе 7 години, сме подалеку од ЕУ, отколку што сме биле претходно.

„Во нивната програма на страница 13 се вели дека во 2024 година,  ќе отворат 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ. Од европските фондови ќе обезбедат 2,5 милијарди евра за справување со корона кризата и македонската економија. Ќе обезбедат европски пари за Преспа. Ќе отворат 6 нови гранични премини со соседите, со цел подобра комуникација на пограничните места. Или пак на страна 259, дека ќе направат реформа во правосудстсвото, реформи во јавната администрација, безбедносни служби и други.“, нагласи Андоновски, во контекст дека СДСМ немаат воопшто никаква реализација на ветувањата.

„Затоа тие сега можат да ветуваат се. Затоа што лажеа дека отпочнале преговори со ЕУ, бидејќи во програмата им пишува дека почнале преговори, а гледаме дека не се. Исто така лажеа дека барањето било внесување на Бугарите во уставот, иако тоа не им беше ветено во програмата. Во ниеден момент не говоревте дека ќе го отворите Уставот за внесување на Бугарите, за отпочнување на преговорите, пред изборите“, појасни Андоновски.

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, потенцираше дека нивниот директор, зборувал за вмешување на нивниот национален координатор за Еразмус + програмата, каде што сега државата треба да враќа пари, кои ги нема бидејќи нивните луѓе ги имаат потрошено, а не се гледа каде. Андоновски праша дали ќе има одговорност за Димова, Заев и Нола Старова, кои биле вклучени во овој процес.

Андоновски забележа СДСМ единствено се занимава со лажни вести. „Прва лажна вест е дека сте можеле да знаете коментари од средбата на Мицкоски и Петков. Втора лажна вест е пресовите кои што ги имавте за фотографијата на Силјановска со Ковачев и третата е дека сте барале тимови на ВМРО-ДПМНЕ да бидат вклучени во разговорите“. Тие менуваат ставови за 48 часа, од едно не за францускиот предлог, добивме да, од тогашниот премиер Зоран Заев и претседателот на државата Стево Пендаровски.

Андоновски појасни дека ВМРО-ДПМНЕ има конзистентни ставови по повод ова прашање кои и ден денес не се менуваат.

„Предлагаме одложени уставни измени, што ќе значат дека сме го заштитиле процесот на преговарање. Со тоа ќе се заштитиме од Бугарија да нема други барања при процесот на пристапување кон ЕУ. Ќе бараме гаранции од ЕУ и останатите држави, гаранции за признавање на нашиот јазик и идентитет, економско-социјален пакет кои што ќе значат видливи напредок за граѓаните и Бугарија да ги примени дел од пресудите на судот во Стразбург“. Андоновски напомена дека овие се позициите на ВМРО-ДПМНЕ од потпишувањето на Францускиот предлог.

Андоновски, во гостувањето, го коментираше и планот на ВМРО-ДПМНЕ за реформа на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

„Нашиот став за распуштање на судскиот совет и советот на јавни обвинители произлегува од фактот дека една од предводниците на судскиот совет доаѓа од правните комисии на СДСМ. Начинот на избор на судии и обвинители го прават тие, како што беше Кацарска, кои што го судеа Заев, на начин кој што ги криеа папките во фиока. Да немаме нов Јовевски, затоа бараме нови критериуми за бирање на членови на судскиот совет, да не бидат партизирани“, потенцираше Андоновски дека ова е една од најважните реформи во правосудството.

Со почит, 

Стефан Андоновски – дополнителен заменик-министер на Министерство за информатичко општество и администрација

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Стефан Андоновски - дополнителен заменик-министер на Министерство за информатичко општество и администрација

Остани поврзан