• среда, 25 декември 2024

Андоновски: Антидатирање во МИОА, Управниот инспекторат и надлежните да испитаат

Андоновски: Антидатирање во МИОА, Управниот инспекторат и надлежните да испитаат

15 февруари 2024 

Комлетно незаконски, со притисоци врз вработените во архивата на Министерство за информатичко општество и администрација, денес се архивираат одлуки со вчерашен датум. Зашто? За да поминат нелегалните вработувања пред распишување на изборите. Согласно законот за архивско работење член 15 од Уредбата на Владата за канцелариско и архивско работење не е дозволено антидатирање на предмети (заведување на предмети со претходен датум) сите документи/записи, писарницата ги испраќа истиот ден кога ќе ги прими потпишани или најдоцна ден по приемот.

Ги повикувам Управниот инспекторат и другите надлежни институции да влезат во Мнистерството за информатичко општество и администрација и да ги испитаат логовите од ДМС системот кога се изработени документите, кога се заведени и со кој датум се заведени. Гарантирам дека одговорност ќе има – или сега или после изборите!

Со почит, 

Стефан Андоновски – дополнителен заменик-министер во Министерство за информатичко општество и администрација

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Фејсбук на Андоновски 

 
 

Остани поврзан