• вторник, 24 декември 2024

Андов повика 23 фудбалерки за стартот на евроквалификациите

Андов повика 23 фудбалерки за стартот на евроквалификациите

 

Скопје, 29 март 2024 (МИА) – Вкупно 23 фудбалерки, предводени од капитенот Наташа Андонова, се најдоа на списокот кој новиот селектор Александар Андов го објави денеска за двата претстојни натпревари на македонската женска репрезентација на стартот од квалификациите за Европско првенство 2025 во Швајцарија.

Македонските фудбалерки ќе го почнат квалификацискиот циклус на гостински терен против Летонија на 5 април, со почеток во 16:30 часот.

По гостувањето во Рига, избраничките на Андов на 9 април во Скопје ќе ја пречекаат Словенија. Натпреварот е закажан со почеток во 15 часот на ФФМ комплексот „Петар Милошевски“.

Македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за ЕП 2025 е во групата Ц2 во која покрај Летонија и Словенија за противник ќе ја има и Молдавија.

Стартот на мини подготовките за дуелите со Летонија и Словенија е закажан за в понеделник во Скопје. ег ФОТО: ФФМ

Остани поврзан