Андов го објави списокот на фудбалерки за дуелите со Летонија и Косово
- Селекторот на македонската фудбалска женска репрезентација, Александар Андов денес го објави списокот на фудбалерки за претстојните две средби во Лигата на нации.

Скопје, 1 април 2025 (МИА) – Селекторот на македонската фудбалска женска репрезентација, Александар Андов денес го објави списокот на фудбалерки за претстојните две средби во Лигата на нации.
Македонија на почетокот на април ќе игра против Летонија и со Косово.
На 4 април со почеток во 15 часот во Скопје ќе гостува Летонија, четири дена подоцна Македонките ќе гостуваат во Приштина.
На списокот на Андов се наоѓаат:
голманки: Евгенија Велјановска, Викторија Панчурува и Кристина Павлоска;
одбрана: Сара Коларовска, Ане Бошеска, Павлинка Николовска, Мила Панева, Лимани Ихмете, Викторија Недева, Елена Панеска и Бојана Петкова;
среден ред: Маријана Нацева, Теона Голабовска, Хава Мустафа, Александра Марковска, Симона Мајер, Ленче Андрееска, Рабија Дервиши и Наташа Андонова;
напад: Јилза Максути, Гентијана Рочи, Меланија Грозданова и Јована Павловска.
Во воведното коло на групата 6 од сегментот Ц на Лигата на нации, македонската репрезентација беше поразена од косовската селекција со 4:0. зс/
Фото: ФФМ