Англија не пушти играч на Реал Сосиедад за натпреварот со Јунајтед
- Фудбалерот на Реал Сосиедад, Арсен Захарјан беше принуден да се врати од Париз во Шпанија поради проблеми со визата.

Манчестер, 13 март 2025 (МИА) - Фудбалерот на Реал Сосиедад, Арсен Захарјан беше принуден да се врати од Париз во Шпанија поради проблеми со визата.
Русинот стана единствениот играч на клубот на кому му беше забранет пристапот до Англија. За да ги реши проблемите со визите, играчот стапил во контакт со надлежните органи во француската престолнина, но откако добил одбивање, се вратил во Сан Себастијан.
Реал Сосиедад ќе игра против Манчестер Јунајтед на 13 март. Натпреварот започнува во 21:00 часот. Првиот натпревар заврши нерешено 1:1. дс
Фото: Принтскрин