• четврток, 26 декември 2024

Англија на „Вембли“ против Бразил и Белгија

Англија на „Вембли“ против Бразил и Белгија

Лондон, 6 ноември 2023 (МИА) – Англиската фудбалска репрезентација ќе им биде домаќин на Бразил и Белгија на „Вембли“ во пријателски натпревари на 23. и 26 март идната година во рамки на подготовките за ЕУРО 2024 на кое избраниците на селекторот Герет Саутгејт веќе обезбедија пласман.

Англија се пласираше на завршниот турнир во Германија како првопласирана во групата Ц пред завршните ноемвриски квалификациски дуели против Малта во Лондон на 17 овој месец и против македонската репрезентација на 20 ноември во Скопје.

„Среќен сум што имаме два големи натпревари во март пред ЕУРО. Важно е да се искористи секоја можност да ги одмериме силите против противници од највисоко ниво“, изјави денеска Саутгејт.

Последен пат Англија и Бразил одиграа меѓусебен дуел, исто така пријателски на „Вембли“, во 2017 година ремизирајќи без голови. ег/паг/

Фото: Икс

Остани поврзан