• вторник, 24 декември 2024

Англиско финале во Лигата на шампионите

Англиско финале во Лигата на шампионите
Лондон, 5 мај 2021 (МИА) – Челзи ќе биде противникот на Манчестер сити во финалето на фудбалската Лига на шампионите. „Сините“ од Лондон вечерва на својот терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во реваншот од полуфиналето на елитното натпреварување и по 1:1 во Мадрид, со вкупни 3:1 се изборија за големото финале. Стрелци на головите за Челзи беа Тимо Вернер во 28. минута и Мејсон Маунт во 85. минута. Натпреварот кој ќе го промовира новиот европски шампион, кој секако ќе биде од Англија, е закажан за 29 мај на стадионот „Ататурк“ во Истанбул. Ова ќе биде второ финале во последните три години во кое ќе се соочат два премиерлигаши. Во 2019 година Ливерпул го победи Тотенхем со 2:0. Воедно, за тренерот на Челзи, Томас Тухел, завршниот меч во Истанбул ќе биде второ последователно финале во ЛШ. Германскиот тренер лани не успеа да го освои трофејот предводејќи го Пари Сен-Жермен кој загуби од Баерн Минхен (0:1). зс/

Остани поврзан