• недела, 17 ноември 2024

Англиското издание на книгата на принцот Хари продадено во над 1,4 милиони примероци

Англиското издание на книгата на принцот Хари продадено во над 1,4 милиони примероци

Лондон, 12 јануари 2023 (МИА) - Мемоарите на британскиот принц Хари, со прилично остри критики кон британското кралско семејство, со својата продажба надмина 1,4 милиони примероци на првиот ден од објавувањето на англиски јазик, објавија издавачите.

Издавачката куќа „Пенгвин рендом хаус“ објави дека продажбата на автобиографијата на Хари, „Spare“ во сите облици на објави (печатен, аудио и на интернет) е без преседан во Велика Британија, САД и Канада. Книгата е преведена на 15 јазици, но податоците за продажбата на другите изданија сѐ уште не се познати.

И покрај добрата продажба на книгата, принцот Хари не е многу популарен во Обединетото Кралсво каде што често го нарекуваат „разгалено дете“ кое ги користи придобивките од кралското потекло. Според анкетите, само 26 отсто од Британците имаат позитивно мислење за Хари.

Во својата книга, принцот го критикува својот татко, кралот Чарлс Трети, постариот брат, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, како и за маќеата, кралицата Камила.

Бакингемската палата сѐ уште нема коментар за наводите во книгата.  си/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан