• сабота, 28 декември 2024

Англиски навивач насочи ласер во лицето на Шмајхел за време на пеналот на Кејн

Англиски навивач насочи ласер во лицето на Шмајхел за време на пеналот на Кејн
Лондон, 8 јули 2021 (МИА) - Во полуфиналето на ЕВРО 2020 меѓу Англија и Данска (2: 1), за време на ударот од 11 метри на Хари Кејн, навивач на „Вембли“ насочи ласер во лицето на данскиот голман Каспер Шмајхел. Голманот и покрај тоа што беше попречуван, успеа да го одбрани пеналот на Кејн, но за негова несреќа, топката се одби кон капитенот на Англија кој реализира од вториот обид. Англија победи со 2:1 и се пласира во финалето каде ќе се сретне со Италија. зс/

Остани поврзан