• вторник, 24 декември 2024

Англиканските свештеници побараа зголемување на платите

Англиканските свештеници побараа зголемување на платите

Лондон, 19 јуни 2023 (МИА) - Свештенството на Англиканската црква испратило ретко барање, односно барање за зголемување на платите на своите старешини, жалејќи се на инфлацијата и кризата на трошоците за живот во Велика Британија, соопшти денеска синдикатот Јунајт (Unite).

Синдикатот, кој претставува 2.000 членови на свештенството на Англиската црква, „поднесе барање за 9,5 отсто зголемување на платите на свештениците од април 2024 година“, се вели во соопштението, додавајќи дека платите на свештениците се ревидираат секој април.

„Како и сите работници во Англиканската црква, свештенството се бори со кризата на трошоците за живот. Многумина велат дека нивната работа е вокација. Сепак, тие во моментов се меѓу најсиромашните работници“ во земјата, соопшти синдикатот.

Според синдикатот, Црквата има милијарди во банка и може да си дозволи да му исплати на свештенството скромното зголемување на платите. зш/

Остани поврзан