• среда, 18 декември 2024

Ангелчо Ристов и Светлана Карапетрова нови членови на ДИК, Катерина Димитровска нова пратеничка

Ангелчо Ристов и Светлана Карапетрова нови членови на ДИК, Катерина Димитровска нова пратеничка

Скопје, 12 ноември 2024 (МИА) - Собранието денеска ја одржа 19-та седница, на која беа изгласани неколку закони. На почетокот на седницата беше верифициран мандатот на новата пратеничка Катерина Димитровска од ВМРО-ДПМНЕ која доаѓа на местото на Марија Митева откако таа се откажа од пратеничкиот мандат по нејзиното назначување за портпарол на Владата. Продолжението на 19. седница претседателот на Собранието Африм Гаши ја најави за утре за во 12 часот.

За нови членови на Државната изборна комисија беа избрани Ангелчо Ристов, дипломиран правник со положен правосуден испит и магистер по административно право и јавна администрација од Делчево  и Светлана Карапетрова, дипломиран економист и магистер по економија – финансии, сметководство и ревизија од Тетово. Овие два нови членови на ДИК се избираат откако досегашниот Бобан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ стана заменик-генерален секретар на Собранието, а Радица Ристеска од СДСМ замина во пензија.

Од денешната седница беа повлечени предлозите за избор на Ардијан Демири и Ведат Салихи за членови на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија и Предлог на одлуката за именување на претседател и членови на Комисијата за заштита на конкуренцијата. 

Пратениците ја изгласаа Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Северна Македонија.

Пратеникот на СДСМ Венко Филипче беше избран за претседател на Националниот совет за евроинтеграции, а за потпретседател пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска. За членови беа изгласани пратениците Никола Мицевски, Венска Бендевска, Халил Снопче, Моника Зајкова, Илир Демири, Амар Мециновиќ, Антонијо Милошоски, претседател на Комисијата за европски прашања, Муса Џафери, претседател на Комисијата за надворешна политика, Иванка Василевска, копретседател на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, министер за европски прашања, проф. д-р Христина Рунчева Тасев, претставник од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Александар Спасеновски, претставник од Кабинетот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, претставник од Македонската академија на науките и уметностите, Орце Ѓорѓиевски, претставник од Заедницата на единиците на локалната самоуправа и Драган Секуловски, претставник на Здружението на новинарите на Македонија. Додека, пак, за заменици-членови на Советот се избраа пратениците Дафина Стојаноска, Бобан Карапејовски, Каљтрина Беќири, Митко Трајчулески и Реџеп Исмаил, Игор Здравковски, заменик на претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбана Пашоли, заменик на претседателот на Комисијата за надворешна политика, потпретседателот на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Република Северна Македонија.

За претседател и членови на Управниот одбор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор се именуваат за претседател Нена Трајановска, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, а за членови Симона Симоска Ефремовска, дипломиран правник, магистер по казнено право од Гостивар и Бурим Мемиши, дипломиран правник од селото Долно Палчиште, Општина Боговиње. На седницата беа избрани и претседателот и членовите на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и членовите на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации -

За претседател на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен беше избран Илче Мушаревски, дипломиран правник со положен правосуден испит од Ресен. А за членови Сашко Груевски, дипломиран правник со положен правосуден испит од Велес, Ирена Брзанова, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, Жарко Денковски, дипломиран правник со положен правосуден испит од Куманово, Вера Димитриева, дипломиран правник со положен правосуден испит од Радовиш, Маја Бичиклиска, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, Марија Стефаноска Томеска, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, Симона Лескароска, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, Искра Давитковска-Костовска, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, Ана Весова, дипломиран правник со положен правосуден испит од селото Велес, Јусуф Минири, дипломиран правник со положен правосуден испит од селото Добридол, Општина Врапчиште, Адриан Мамути, дипломиран правник со положен правосуден испит од Тетово и Едит Азизи, дипломиран правник со положен правосуден испит од селото Равен, Гостивар.

Пратениците дадоа поддршка за потребата по скратена постапка да се донесат неколку закони - Предлог на закон за изменување на Законот за иновациската дејност, по скратена постапка - Предлог на законот за изменување на Законот за научно-истражувачката дејност, Предлог на законот за изменување на Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување на Законот за ученичкиот стандард, Предлог на законот за изменување на Законот за студентскиот стандард, Предлог на законот за изменување на Законот за Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Националната развојна стратегија, Предлог на законот за изменување на Законот за земјоделското земјиште, Предлог на законот за дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство - Прво читање.

Исто така, пратениците ја изгласаа потребата по скратена постапка да се донесе и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Централен регистар, со чии измени се овозможува новинарите кои ќе достават писмено барање за користење на податоци заради истражувачки цели од Регистарот на годишни сметки, Трговскиот регистар и од Регистарот на други правни лица, Централниот регистар истите да им ги обезбеди без надоместок.

На натамошно второ читање беа проследени неколку закони - Предлог на законот за изменување на Законот за меѓуопштинска соработка, Предлог на законот за дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство 

Собранието го заврши општиот претрес по Фискалната стратегија на Република Северна Македонија за 2025 - 2029 година, Предлог на финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија за 2025 година и Предлог на одлуката за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија за 2025 година. фф/аа/

Фото: Принтскрин од видео

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан