• сабота, 28 декември 2024

Ангелоски и Кирковски беа дел од скајмаратонот Монте Роса

Ангелоски и Кирковски беа дел од скајмаратонот Монте Роса
Скопје, 27 јуни 2022 (МИА) - Македонскиот тим составен од Дејан Ангелоски и Александар Кирковски викендот настапи на највисоката трка на Алпите, скајмаратонот „Монте Роса“ во Италија. Тие со време од 8 часа и 27 минути се пласираа на 51-то место во конкуренција на вкупно 149 парови колку што стартуваа. - Се работи за високопланинска трка која датира уште од првата половина на 90-тите години како пионерски чекор во најекстремната форма на планинско трчање - скајранингот. Во поново време се трча во парови од по двајца натпреварувачи и привлекува голем број на планински спортисти од различни земји. Скајмаратонот почнува и завршува во селото Алања Валсесиа на околу 1000 мнв, а се искачува до врвот Маргарита на 4554 мнв, совладувајќи дистанца од 35 километри и искачување од 3500 висински метри по суров терен, изјави Кирковски. Дваесет и двегодишниот Ангелоски е повеќекратен македонски шампион во планинско трчање и скајранинг со голем потенцијал за развој во овој спорт, додека Кирковски е специјалист во брзинските искачувања на високите планини со успешни потфати на Аконкагва, Елбрус, Матерхорн и други. Учеството на „Монте Роса скајмаратон“ е дел од програмата на Планинарскиот клуб „Македон“ и Федерацијата на планинарски спортови на Македонија. зс/

Остани поврзан