• среда, 25 декември 2024

Ангелов и Дрекслер го испратија германскиот тим кој помогна во гасењето на пожарите

Ангелов и Дрекслер го испратија германскиот тим кој помогна во гасењето на пожарите

Скопје, 16 август 2024 (МИА) - Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов и  амбасадорката на Германија Петра Дрекслер синоќа го испратиле тимот од Германија за двата противпожарни авиона „ер трактор" - пилотите и другиот воздухопловен персонал, кои помогнаа во справувањето со пожарите од поголеми размери во државава.

-Ангелов притоа искажа голема благодарност за помошта - и до нив лично, и до нивната држава. Амбасадорката Дрекслер ја потврди посветеноста на Германија за продолжување на одличната соработка со Северна Македонија и изрази подготвеност за поддршка согласно можностите и потребите на двете земји при справувањето со кризните ситуации во наредниот период, информира ЦУК.

Ангелов и Дрекслер во оваа пригода, како што посочува ЦУК, им врачиле на членовите на германскиот тим пригодни благодарници и скромен подарок за спомен на нивната мисија за воздухопловна противпожарна помош во нашата земја. хс/са/

Фото: Центар за управување со кризи

Остани поврзан