• вторник, 24 декември 2024

Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег, надлежните нема да бидат изненадени

Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег, надлежните нема да бидат изненадени

Скопје, 13 ноември 2024 (МИА) - Државата е подготвена за претстојната зимска сезона и врнежите од снег, а граѓаните да користат зимска опрема на своите возила и доколку немаат неопходна потреба да не патуваат при најави за обилни врнежи, истакна директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на прес-конференција по состанокот со претставници на координативното тело.

Тој упати апел до граѓаните да ги раздвојат фактите од вообичаените мислења на социјалните мрежи секоја година, дека снегот повторно ги изненадил надлежните институции. Капацитетите за чистење снег, нагласи, воопшто не се за потценување и не се послаби во однос на регионот.

- Оваа година надлежните институции нема да бидат изненадени, бидејќи од она што можевме да го слушнеме од оваа средба капацитетоте на јавните претпријатија за државни патишта и за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта се целосно подготвени. Бројот на камиони е доволен за територијата на државата, како и должината на патишта што ги имаме. Истовремено разговаравме во случај на потреба од стопирање на сообраќајот на некои критични точки, особено пред превоите во случај на снег, МВР да испрати засилени екипи, рече Ангелов.

Граѓаните, нагласи, да користат зимска опрема, зимски гуми и да имаат ланци.

- Но, најдобрата препорака е доколку немаат неопходна потреба, а при тоа редовно да ги следат прогнозите на УХМР, кои се исклучително прецизни да не излегуваат непотебно на патишта каде што има превои, односно места низ кои минуваат патишта од над 1.000 метри надморска височина, истакна Ангелов.

ДЗС, според него, на располагање име два тима со т.н. АТВ возила со гасеници, кои се оспосебени со опрема да стигнат до тешко пристапни терени, доколку е потребо да се пружи помош на загрозен граѓанин. Две такви возила има и Црвен крст, односно нивната спасителна служба во Охрид.

- Безбедноста нека биде на прво место и доколку немаат потреба граѓаните нека не патуваат во услови кога имаме најава за врнежи на снег или снегот веќе започнува да врне. Без разлика на тоа што нашите институции се подготвени и камионите за чистење на снег веднаш ќе излезат на терен, при тоа имаат обезбедено и доволна количина сол, која ќе ја фрлаат на снегот и местата каде ќе има опасност од мрзнење на коловозните ленти, сепак тие неможат да исчистат колку што снег може да падне. Додека напред го чистат снегот позади нив врне нов и нов снег, кој дополнително може да ја загрози безбедноста на граѓаните, додаде директорот на ЦУК.

Доколку некој граѓанин остане заглавен на било која точка во државата, може да се јави на 112, доколку има телефонска линија и да побара помош. ЦУК ќе ги контактира надлежни институции.

На координативниот состанок присуствувале претставници од Управата хидрометеоролошки

работи, јавните претпријатија за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, за државни патишта, Железници инфраструктура, Дирекција за заштита и спасување, министерствата за внатрешни работи, локална самоуправа, земјоделство, шумарство и водостопанство, АД Водостопанство, Црвен крст, АМСМ, ЗЕЛС, ЕВН, ЕСМ - ЕЛЕМ и АД МЕПСО. сс/нд/

Фото: Принтксрин

Остани поврзан