• петок, 27 декември 2024

Ангеловски: Секогаш одиме на победа без оглед дали играме пријателски или натпревар за бодови

Ангеловски: Секогаш одиме на победа без оглед дали играме пријателски или натпревар за бодови
Скопје, 31 мај 2021 (МИА) – Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски најави игра на победа на утрешниот пријателски натпревар со Словенија. - За прв пат ќе играме подготвителен натпревар во улога на учесници на Европско првенство. Словенија е квалитетна репрезентација. Мечот со нив ќе ни биде добар тест. Без разлика дали е пријателски или квалификациски натпревар, сакаме да победиме. Нема многу да експериментирам, не сум таков тренер. Она што ќе ценам дека е потребно да проверам ќе проверам, изјави Ангеловски. Тој упати повик до македонските навивачи во максимално дозволениот број да присуствуваат на стадионот. - Утре по подолго време ќе има публика. Фудбалот се игра за публика. Посакувам нашите навивачи максимално да го пополнат дозволениот број и да им дадат безрезервна поддршка на нашите фудбалери, рече Ангеловски. Натпреварот меѓу македонската фудбалска репрезентација и словенечкиот национален тим ќе се игра утре од 18 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. зс/

Остани поврзан