• среда, 25 декември 2024

Ангеловски по ремито со Спортинг: Освоивме бод голем како куќа

Ангеловски по ремито со Спортинг: Освоивме бод голем како куќа

Битола, 10 октомври 2024 (МИА) – Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер синоќа ја прекина црната серија во Лигата на шампионите играјќи нерешено 24:24 со Спортинг Лисабон.

Битолчани освоија бод по 17 порази во низа во елитното натпреварување.

Тренерот Бранислав Ангеловски овој резултат го смета за голем успех.

- Бод голем како куќа. Конечно симнавме тежина која ја носевме долго време. Одлични бевме 45 минути, потоа неколку технички грешки и судиски одлуки го свртија текот на натпреварот. Штета што не победивме, но Спортинг е исклучително силен тим. Верувам во нашиот тим и сигурен сум дека имаме реални шанси на следните средби да оставиме подобар впечаток, изјави Ангеловски.

Еурофарм Пелистер има еден бод по четири натпревари во А-групата од Лигата на шампионите, Спортинг собра седум. зс/

Фото: Еурофарм Пелистер

Остани поврзан