• среда, 25 декември 2024

Ангеловска-Бежоска − Агелер: Народната банка придонесува за стабилноста на економијата и ужива висока доверба

Ангеловска-Бежоска − Агелер: Народната банка придонесува за стабилноста на економијата и ужива висока доверба

Скопје, 5 август 2024 (МИА) - Во услови на глобална неизвесност, монетарната политика придонесува со своите мерки за одржување на стабилноста на макроекономското окружување во земјава. Народната банка има витална улога во одржувањето на макроекономската стабилност, особено преку нејзините напори за справување со последователните кризи изминатите четири години, а довербата на јавноста кон неа, дури и во периодот на кризи и премрежиња, е висока, беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка (НБ), Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорката на САД, Анџела Агелер.

Како што соопшти прес-службата на НБ, заеднички беше заклучокот дека професионалноста, стручноста и посветеноста се секогаш на највисоко ниво кога станува збор за Народната банка

На состанокот беше нагласена и важноста на силните и кредибилни институции, особено во кризни времиња, кога треба да се носат мерки за поддршка на економијата.

- Со помош на политиките што ги презема Централната банка, инфлацијата се сведе на едноцифрена стапка, додека девизните резерви се зголемија за 40 отсто, во однос на преткризниот период. Банкарскиот систем е стабилен, добро капитализиран и обезбедува поддршка за граѓаните и фирмите, забележа Ангеловска-Бежоска. 

Една од темите што беа разгледувани беше сегашната монетарна политика, која е соодветно поставена, но, сепак, како што беше укажано, неопходно е внимателно следење на инфлациските движења и натамошна претпазливост во однос на водењето на макроекономските политики.   

Гувернерката Ангеловска-Бежоска изрази благодарност за поддршката што земјава ја добива од САД во подобрувањето на капацитетите и во зацврстувањето на улогата на институциите на државата. Гувернерката и амбасадорката ги разгледаа начините за натамошно зајакнување на соработката и партнерството заради обезбедување одржлив и инклузивен раст за нашата држава. мч/са/

Фото: Народна банка

 

Остани поврзан