• среда, 18 декември 2024

Анвар Ибрахим именуван за премиер на Малезија

Анвар Ибрахим именуван за премиер на Малезија
Куала Лумпур, 24 ноември 2022 (МИА) - Анвар Ибрахим е именуван за нов премиер на Малезија откако неговата коалиција Пакатан харапан (ПХ) освои најголем број мандати на изборите што се одржаа минатиот викенд. На изборите ниту една партија или коалиција не освои парламентарно мнозинство од 112 места потребни за формирање на влада. ПХ и ривалската конзервативна малезиско-муслиманска коалиција Перикатан насионал (ПН) на поранешниот премиер Мухидин Јасин, што е на второ место по освоените гласови, почнаа разговори за формирање влада, придобивајќи ги помалите коалиции во државите Сабах и Саравак на Борнео и Барисан насионал (БН), алијансата што доминираше во Малезија околу 60 години пред нејзиниот историски пораз на последните избори во 2018 година. Бидејќи ниту еден не успеа да постигне мнозинство, кралот султан Абдула Султан Ахмад Шах се состана со Анвар и Мухијдин, како и со новоизбраните членови на Парламентот, за да ги изложат нивните ставови за тоа кој треба да ја води новата влада. По вчерашниот состанок, кралот објави дека Анвар ќе биде премиер. ми/

Остани поврзан