• сабота, 23 ноември 2024

Ана Котевска освои златен медал на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Ана Котевска освои златен медал на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Скопје, 26 јули 2024 (МИА) - Aна Котевска, ученичка во специјалната германска паралелка при Гимназијата „Јосип Броз - Тито“ од Скопје е годинашна апсолутна победничка на Интернационалната oлимпијада по германски јазик „ИДО 2024“ која минатата недела се одржа во Гетинген, Германија.

Котевска ја освои златен медал во категоријата на натпреварувачи на Б2 Ниво. Прво место (јазични нива Б2,А2 и Б3) таа го сподели со Махек Кан од Бангладеш и Рајона Иброхимова од Узбекистан.

Ментор на Котевска е проф.Кристина Клиафа - Трпеска, класна раководителка и професорка по германски јазик во гимназијата „Јосип Броз Тито“, а на патувањето во Германија ја придружуваше професорката Габриела Темелкоска, претседателка на Здружението на германисти во Македонија.  

Осум дена, над 100 ученици од околу 60 земји се натпреваруваа за титулата најдобар ученик по германски јазик во светот. Победниците од националните прелиминарни рунди - на возраст од 14 до 17 години патуваа од целиот свет до финалето во Германија и се натпреваруваа во различни натпреварувачки дисциплини. Олимпијадата се реализираше во соработка со „Гете институт“.

На Интернационалната олимпијада по германски јазик, покрај Котевска учествуваше и Марија Стефановска, идна ученичка во прва година во Гимназијата „Јосип Броз Тито“. мд/ац/

 

Остани поврзан