• сабота, 23 ноември 2024

Анализите на експертите тврдат дека загадувањето во Скопје е енормно намалено, вели Шилегов

Анализите на експертите тврдат дека загадувањето во Скопје е енормно намалено, вели Шилегов
Скопје, 26 октомври 2021 (МИА) - Актуелниот и кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје Петре Шилегов вечерва изјави дека анализите на експертите и бројките тврдат дека е енормно намалено загадувањето на воздухот. - Ова не значи дека битката или војната со загаденоста е готова, меѓутоа многу битки сме добиле, рече Шилегов. Посочи дека во овој мандат успеале да ја изработат секундарната гасоводна мрежа и информира дека се создадени условите за терцијална гасификација, т.е. доведување на природниот гас до секој дом. - Се случи битниот момент да се затвори гасоводниот прстен околу нашиот град, во тек е постапката во Влада на централно ниво бидејќи таму се ингеренциите, за Јавно приватно партнерство за терцијална гасификација добивање на гасоводот до секој дом каде дел од јавното приватно партнерство е и Градот Скопје, рече Шилегов. Во однос на бас рапит транзит системот, Шилегов посочи дека возниот парк кој таму ќе се сообраќа е CNG хибрид, односно полуелектрично, полухибриден гас. Рече дека во моментов се скапи оние автобуси кои се само електрични. - Системот на јавен транспорт на Скопје е систем кој од секогаш имал потреба да биде дотиран од разни извори на финансирање, бидејќи градот има определен кредитен лимит. Не е фискално способен сам да ја финансира одржливоста на системот на Град Скопје. Она што е императив мој заради тоа е урбаниот транспорт на патници да биде самоодржлив. Со целосната имплементација на бас рапид од двете линии доаѓаме на граница на самоорджливост, тогаш ќе немаме потреба од блок дотации ниту потешкотии во работењето, туку системот ќе биде самоодржлив, појасни Шилегов. Додаде дека со воспоставувањето на БРТ-системот нема да се сече зеленилото на булеварите. Во самата кредитна линија, како што посочи, се предвидени 280 илјади евра за дислокација и размножување на зеленилото. - Најзелениот проект за урбан транспорт, според ЕБРД, е проектот на Град Скопје, додаде кандидатот за градоначалник. мс/нд/      

Тагови

Остани поврзан