• вторник, 24 декември 2024

Амстердам воведува ограничување на брзината од 30 km/h на повеќето градски улици

Амстердам воведува ограничување на брзината од 30 km/h на повеќето градски улици

Амстердам, 8 декември 2023 (МИА) - Амстердам од денеска ќе стане првиот град во Холандија што ќе воведе ограничување на брзината од 30 километри на час на повеќето улици, во обид градот да биде побезбеден и потивок, јави ДПА.

Ова ограничување на брзината е неопходно поради зголемениот број на пешаци во градот, изјави Мелани ван дер Хорст, градска советничка задолжена за сообраќај. „Како резултат на тоа, има сè поопасни сообраќајни ситуации“, истакна Ван дер Хорст.

Минатата година биле регистрирани околу 4.800 несреќи во кои била повикана брза помош, а најмалку 15 лица загинале.

Ограничувањето на брзината се однесува на 80 отсто од улиците во градот, додека ограничувањето од 50 километри на час ќе биде дозволено на некои главни сообраќајници.

Исклучок ќе биде направен за градските автобуси, трамваи и такси – но само доколку има дополнителна лента за нив.

Расте бројот на жители на Амстердам, кој моментално има околу 800.000, а годишно градот го посетуваат најмалку 20 милиони туристи.

Синоќа беа официјализирани 4.500 улични знаци кои претходно беа поставени низ градот и беа санирани оштетените табли со помош на налепници.

Амстердам сака да му даде приоритет на велосипедизмот и пешачењето. Многу улици во центарот на градот се затворени за сообраќај на возила и претворени во пешачки и велосипедски зони.

Сè повеќе има и таканаречени фитстратен, велосипедски патеки, каде што автомобилите се само гости, а предимство имаат велосипедистите. ссм/

фото: Икс

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан