• среда, 18 декември 2024

АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози

АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози

Скопје, 18 ноември 2024 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Како што информира АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Автомотосојузот на Македонија известува дека сообраќајот кон Пониква и кон село Бели се одвива непречено, по една коловозна лента.

-Од страна на граѓани е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини, информира АМСМ.

Потсетува и дека од 15 ноември е затворен за сообраќај патниот  правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, за сите видови возила. хс/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан