• понеделник, 29 јули 2024

АМСМ: Влажни коловози, внимателно да се управува со возилата

АМСМ: Влажни коловози, внимателно да се управува со возилата

Скопје, 23 јануари 2023 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка и Маврово, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат вечерва од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ им препорачува на возачите прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. Особено да бидат внимателни на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. бд/дма/

Остани поврзан