• четврток, 26 декември 2024

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци на кои предметот им е вратен во Основниот суд се олицетворение на овој 8 март

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци на кои предметот им е вратен во Основниот суд се олицетворение на овој 8 март

Штип, 8 март 2024 (МИА) - Шеесет и деветте текстилни работнички од конфекцијата „Сони“ во Кавадарци се олицетворение на овој 8 март, порача на денешната прес-конференција Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“.  Апелациониот суд Скопје го врати предметот во Основен суд Кавадрци, со првостепената пресуда 69 работнички беа задолжени поради изгубен судски спор за неисплатени плати да платат 20.000 евра за судски трошоци.

-На 69 работнички не и биле исплатени три месечни нето плати како и прекувремена работа и други дотатоци кои следуваат по Законот за работни односи како и Општиот колективниот договор за приватниот сектор. Ние како Здружение за заштита на работнички права „Гласен Текстилец“ сме особено среќни и горди што првостепената пресуда која беше донесена од страна на Основниот суд во Кавадарци, истата беше укината од страна на Апелациониот суд во Скопје и вратена на повторно судење пред првостепениот суд во Кавадарци, изјави Ампева.

Таа истакна дека во април е закажано првото рочиште во Судот во Кавадарци на кое ќе бидат присутни, за да го мониторираат текот на постапката.

-Сакаме да им честитаме на работничките од поранешната СОНИ Кавадарци и на нивната адвокатка Даница Милкова, кои и покрај сите притисоци од разни центри на моќ, покрај неправдата која им беше нанесена, тие успеаја да ја докажат правдата. Од пресудата на скопска Апелација, се дадени јасни напатсвија, и потенцирана контрадикторноста, неразбирливоста, нејасноста во ценењето на одредбите на членови и закони и како ценеле за да донесат таква пресуда како првостепен суд, вели Ампева.

Лани во март откако Основниот суд во Кавадарци  пресуди против работничките и  наложи да платат 20.000 евра судски трошоци за загубениот спор , беа организирани неколку протести. По повод Меѓународниот празник на жената, Ампева на денешната прес-конференција истакна дека и по повеќе од еден век откако Клара Цеткин и Роза Луксембург повикаа за родова еднаквост, направен е значителен напредок, но сепак какошто вели Ампева сме далеку од првичната идеја за рамноправност помеѓу мажот и жената, објаснува Ампева.

 -Се уште имаме откази на бремени жени, има работничките во приватниот сектор на кои се уште не им се исплпаќа редовно платата, придонеси, немаат здравствено осигурување поради некој што упопрно сака да биде газда, а не знае како да работи тоа значи дека ние се уште се соочуваме со непочитуваање и на работничките, но и на основните човекови права, рече Ампева.

Таа истакна дека со работа и притисок на невладиниот сектор се подобруваат работите во делот на правата на работничките и работниците, иако тешко ќе се постигне да има совршени работнички права. вдј/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан