Аморим објасни зошто Ентони не успеал во Манчестер Јунајтед
- Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим ја коментираше темата со Ентони во интервју за легендата на „црвените ѓаволи“, Рио Фердинанд.

Манчестер, 3 март 2025 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим ја коментираше темата со Ентони во интервју за легендата на „црвените ѓаволи“, Рио Фердинанд.
На само 7 натпревари со Бетис, Ентони беше вклучен во постигнувањето на 5 гола (3 гола и 2 асистенции), додека во Манчестер Јунајтед постигна 12 гола и 5 асистенции на 96 натпревари.
„Кога играме против кој било тим овде, важна физичката подготвеност. Многу пати не треба да создаваме премногу шанси, само долга топка, втор пас и постигнуваме гол. Ако играчот нема физичка подготвеност, многу му е тешко. Сега на Ентони му оди многу подобро во Шпанија. Има многу фактори, но ви гарантирам дека тоа е поради физичкиот аспект, изјави Португалецот во интервјуто со Рио Фердинанд. дс
Фото: Архива